После 10 милиони во акции кои беа купени од Porsche, и Hyundai и KIA купија акции од Мате Римац. Овие две компании вложиле 80 милиони евра. Освен овие два бренда во фокусот се и спортки примероци од N моделот и лускузниот и наменет за Америка, Genesis.
Во план им е до 2021 година на глобалниот пазар да понудат 8 хибриди, 4 plug-in хибриди, 5 целосно електрични автомобили и едно возило кое ќе добива електрична енергија од водород. До 2021 година дури 60% од возилата на Hyundai ќе бидат придвижувани со помош на струја, а хит ќе биде Le Fil Rouge.
Сега ова ќе биде добиено со помош на Rimac автомобили кои ќе бидат задолжени за изградба на спортските N модели и луксузниот бренд Genesis. Се работи за голема инвестиција која ќе донесе многу новитети во компанијата од Хрватска.
„Сакаме да ги избришеме границите меѓу обликот и функцијата и да создадеме моредни каросериски облици кои ќе постават не само естетски стандарди во Hyundai, туку и глобални. Многу е полесно да се осмисли концептен автомобил. Имавме неограничена слобода, а дали Le Fil Rouge ќе влезе во масовна продукција и со кои измени останува да се види“, вели Петер Шрејер, кој е шеф на дизајн во Hyundai/Kia.
Hyundai Motor Group ќе вложи 80 милиони евра. Од нив 64 се од Hyundai Motor, а другите 16 ги вложува Kia Motors. Веќе е објавено дека заедничкиот проект ќе бидат два многу силни електрички спортски автомобили под имињата Kia и Hyundai.