Hyundai и Kia повлекуваат речиси 600.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејските производители на автомобили Hyundai и Kia започнаа со процесот за рекордно повлекување на возила – нешто над 591.000 возила.

Причината за ова повлекување произлегува од потенцијалната можност од истекување на течноста од системот за сопирање.

Најголем дел од автомобилите или околу 440.000 се од моделот на Kia Optima произведени во периодот од 2013 до 2015 година, а значителен дел се и од моделите Kia Sorento и Hyundai Santa Fe.

Повлекувањето Kia ќе го зпаочне на 15 октомври, а осум дена подоцна и Hyundai. Сите трошоци ќе ги покријат јужнокрејските производители.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK