Hyundаi го вади Tuсsоn N на мегдан со Pоrsсhе Саyеnnе

ОБЈАВЕНО НА:

Во првата половина на 2020 година, Hyundаi беше многу активен во промовирањето на линијата на спортски автомобили N Pеrfоrmаnсе. Беа претставени некои модели, а за други беше загатната нивната појава.

Првите детали за модификацијата N-Line, се појавија на почетокот на месецов. Уште од 2019 година официјалните претставници на брендот од Кореја објавија желба да создадат моќна верзија според димензиите на кросоверот Tuсsоn.

Малку подоцна авторитетниот корејски автомобилски блог соопшти дека Hyundаi Tuсsоn N-Linе ќе добие мотор со работен обем од 2.5 литри, кој ќе биде снабден со турбокомпресор.

Ако се погледне линијата на моделите на N-Linе, може да се дојде до заклучок дека компанијата создава навистина моќни спортски автомобили и не се занимава само со ПР. Според првичтени информации, новиот Hyundаi Tuсsоn N-Linе ќе биде точно таков. Рафинираниот кросовер можеда достигне до импресивните 340 коњски сили и ова ќе доведе до неверојатно забрзување за автомобил од оваа класа. Од 0 до 100 км/ч, Hyundаi Tuсsоn N-Linе ќе може да забрза за под шест секунди.

Ако оваа информација биде потврдена тогаш во својата класа на автомобили кросоверот ќе ја заземе водечката позиција, а според динамиката дури ќе биде  и ривал со многу поголеми кросовери како Pоrsсhе Саyеnnе, нa примeр.  Дебито се очекува во период од две години.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK