Hyundai го претстави новиот концепт Prophecy (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Hyundai ги открија првите фотогрфии и детали за целосно новиот концепциски дизајн, PROPHECY, кој требаше да се појави за време на саемот во Женева кој беше одложен поради Корона вирусот.

Новиот концепт е развиен според новата корпоративна дизајн филозофија, Sensuous Sportiness, но од Hyundai велат дека сериозен акцент во конструкцијата е аеродинамичното оптимизирано купе.

Со целосно електричниот погон, Hyundai PROPHECY носи сериозно изненадување, а дебитира со исклучително футуристички изглед, во кој недостига волан со класичен изглед. Внатрешноста на концепцискиот развој е создадена со идејата за врвен комфорт, а за управувњето покрај борд системот за автономно управување е и на два многуфункционални џојстици, кои даваат можност за управување и други секундарни функции за електричните системи.

„Prophecy не ја следи модата. Тој става акцент на трајната убавина, која ќе го издржи тестот на времето. Неговиот иконски дизајн ќе го рашири дизајнерскиот спектар на Hyundai во уште поширок хоризонт“, вели Санг Јуп Ли, кој е шеф на Hyundai Global Design Center.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK