Hyundai го најави електричниот концепт за Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Hyundai со тизер фотографија го најави новиот електричен концепт кој ќе биде претставен на саемот во Франкфурт, во септември годинава.

Според објавата, новиот концепт доаѓа под називот 45 и претставува целосно електричен автомобил со футуристичен дизајн. Називот е инспириран од првиот модел на Hyundai во 70-тите години на минатиот век.

Од Hyundai очекувано не откриваат воопшто информации околу овој модел, она што може да се забележи е дека станува збор за хечбек модел каде на задниот дел доминира LED лентата на која може да се кастамизираат задните светла.

Овој концепт пред јавноста ќе биде претставен на 10. септември, а покрај овој концепт, на саемот ќе дебитира и новата генерација од најмалиот автомобил во понудата на Hyundai, i10.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK