Hyundai Европа со пораст на продажбите

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот дел на Hyundai објави дека компанијата отчита пораст во продажбите во текот на првите девет месеци на годината. Реализацијата на брендот за периодот јануари-септември достигнала ниво од 428.861 единица или со 0,8% повеќе во споредба со 2018 година.

Од Hyundai коментираат, дека пазарното претставување на брендот во Европа било над индустријата во целина која забележува пад од 1,6% во првите девет месеци од годината, со силен интерес во Германија и Франција и соодветно подобрување од 12,1 и 8,9%.

Главните иницијатори на успехот на Hyundai во Европа кон крајот на септември се Tucson, модификациската линија Kona и i-семејството (i10, i20 и i30).

„Нудејќи ја најбогатата движечка понуда и најмладата моделна понуда во Европа, ние се претставивме подобро од индустријата во првите девет месеци од 2019 година. Годинава ја обновиве нашата понуда за IONIQ, претставивме целосно новиот i10 и го проширивме меѓународно признатото семејство KONA со новата Kona Hybrid. Тоа значи дека нудиме уште повеќе можности за клиентите на Hyundai и ја демонстрира нашата подготвеност за иднината“, вели Томас Шмид, потпретседателот на Hyundai Motor Europe.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK