Компанијата Hyundai ги објави плановите за проширување на своето портфолио со 13 нови еко ориентирани пазарни понуди до 2022 година. Шест од новите автомобили ќе бидат седани, а останатите седум ќе бидат СУВ модели, а секој од нив ќе биде достапен со алтернативен погон, вклучувајќи ги сите електрични, хибриди (plug-in) на полнење и хибриди кои не се полнат.
Првиот чекор во лансирањето на новите автомобили на Hyundai ќе биде направен за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес во текот на овој месец кога северноамериканскиот оддел на брендот ќе ги демонстрира обновените за 2020 година Ioniq Electric, Ioniq Hybrid и Ioniq Plug-in Hybrid.
Од Hyundai исто така споделуваат дека во текот на следната година ќе биде видена целосно новата Sonata HEV, но за другите новости од компанијата не откриваат информации.
“Со еволуирањето на автомобилската индустрија со цел задоволување на потребите на разновидната потрошувачка база и еколошките одговорни општества, ние ќе продолжиме да предлагаме можности за алтернативен погон во различни производи“, коментираат од Hyundai Motor America.