Hyundai доби престижна награда за дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

Дека Hyundai има намера да стане дел од Tоп 5 најпродаваните брендови во светот говори и големата посветеност на дизајнот. Доказ за тоа е последната награда за дизајн “Auto Zeitung 2018 Design Trophy” која за оваа година беше додела токму на јужнокорејскиот производител.

Оваа награда традиционално ја доделува читаниот германски магазин Auto Zeitung, а голем придонес во наградата имаат и читателите кои оваа година за автомобил со најдобар дизајн ја одбраа Fastback изведбата на i30.

“Последните години нашите купувачи како една од главните причини за купување на Hyundai автомобил го наведуваат токму дизајнот. Наградата Auto Zeitung е дополнителен доказ за нашата успешна стратегија за позиционирање на дизајнот како клучен столб во развојот на Hyundai” изјави Андреас Кристоф Хофман, заменик директор на секторот за макретинг во европската дивизија на Hyundai.

Инаку ова е само уште една во низата награди за дизајн кои изминатите неколку години беа доделени на Hyundai. Претходно овој производител ја доби и престижната награда “Red Dot”, награда со која не сите авто производители можат да се пофалат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK