Извршниот директор на Hyundai Motor, Чунг Монг-Ко, внимателно го следи движењето на цените на акциите на Fiat Chrysler Automobiles. Според аналитичарите се очекува акциите да загубат дел од вредноста во текот на следните 12 месеци, а тоа би му отворило шанса на Hyundai да успее да го придобие италијанско-американскиот конкурент уште пред заминувањето на шефот Серџо Маркионе.
Информациите од Asia Times велат дека претседателот и основен акционет во Fiat Chrysler Automobiles, Џон Елкан нема голем интерес за да го преземе управувачките функции во компанијата, па затоа се очекува да дојде до продажба на добар дел од акциите.
Во последните неколку години, Маркионе работеше сериозно на спојувањето на неговата водечка компанија, а потенцијалните партнери беа General Motors, францускиот гигант Peugeot-Citroen и неколку кинески производители на автомобили. Напорите на шефот на Fiat Chrysler Automobiles беа без видлив резултат.
Ако Hyundai Motor Group успее да ги реализира плановите и да ги придобие акциите на Fiat Chrysler Automobiles тогаш новата автомобилска група ќе прерасне во една од најголемите во светот со реален потенцијал да се најде и на првата позиција.