Hyunda Motor и Aptiv ќе создаваат автономно возење

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Group (HMG) во чија сопственост се брендовите Hyundai и Kia, потпиша договор со компанијата Aptiv за развој на технологија и системи кои ќе поддржат автономно возење.

Станува збор за технологија која поддржува автономија од четврти и петти степен со што јужнокорејскиот производител ќе стане конкурентен во иднина на останатите јапонски, европски и американски производители кои веќе започнаа на развојот на оваа технологија.

Спореd планот, првиот автомобил опремен со оваа опрема во слободно движење се очекува да се појави во текот на 2022 година, а засега останува непознато во тест периодот кој автомобил ќе биде користење за тестирање.

Партнерскиот договор предвидува инвестирање од околу 4 милијарди долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK