По Samsung, Huawei е новиот технолошки гигант кој наскоро ќе претстави автомобил. Станува збор за целосно автономен 5G автомобил во кој е вградена најнапредната технологија развиена од страна на кинеската компанија.
Станува збор за автомобил кој се темели на 5G/LTE-V технологијата која ја развива Huawei како и развојот на C-ITS асистенција во возење како и интигентното гласовно управување.
“Наша приамрна цел е развој на технологија која ни овозможува возење без возачи со истовремен развој на напредок на таква технологија. Tesla во моментов ја создава вредноста за се. Ако тоа го може сега Tesla, тогаш можеме и ние” изјави претседателот на Huawei.
Во овој проект Huawei соработува со кинескиот производител на автомобили SAIC како и телекомуникациската компанија China Mobile. Засега не се откриваат дополнителни технички детали за овој проект, ниту кога ќе биде претставен автомобилот.