Huawei работи на автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Иако Huawei се наоѓа под строги санкции од САД и американските технолошки гиганти, кинеkсата компанија откри дека активно работи на автономни возила. Развивајќи вештачка интелигенција и комплементарни технологии, Huawei е во напредна фаза на развој на потребната технологија за автомни возила.

Оваа технологија примена ќе најде кај бројните кинески компании од авто индустријата. Во моментов Huawei има соработка со Beijing New Energy Automobile, GAC и Changan Automobile. Софтверот на Huawei се користи и од страна на Volkswagen, Audi и Toyota, но не е извесно дали европските и јапонските брендови ќе ја користат технологијата што во моментов се развива за идните свои автономни возила.

Еден од инжинерите во Huawei изјави дека првата, пробна, демо верзија на овој софтвер треба да биде претставена во 2021 година. Истата ќе се однесува за четвртото ниво на автономија.

Многу аналитичари сметаат дека со оваа технологија Huawei ќе се наметне како лидер на ова поле што ќе биде додатен проблем како за американските конкуренти така и за американските производители на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK