понеделник, 25 декември, 2025 година

Huawei патентираше батерија за возила со домет од 3.000 km!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новата технологија со цврсто јадро овозможува полнење за само пет минути, што би можело трајно да го промени пазарот на електрични возила.

Кинескиот технолошки гигант Huawei поднесе патент за револуционерна батерија со цврсто јадро (solid-state) за електрични возила, која, според најавите, ќе може да обезбеди домет од неверојатни 3.000 километри. Доколку овие спецификации се покажат како реални и остварливи во секојдневна употреба, оваа иновација би можела целосно да ја трансформира индустријата за електрични автомобили.

- Advertisement -

Крај на „стравoт од домет“
Главната разлика во однос на досегашните литиум-јонски батерии, кои ги користат повеќето актуелни електрични возила како Tesla или Hyundai Ioniq, е во структурата на јадрото.
Huawei користи цврста структура, што овозможува 2 до 3 пати поголема енергетска густина. Ова директно се претвора во поголема моќ и, што е уште поважно, во многу поголем домет.

Но, тоа не е сè. Huawei тврди дека оваа батерија ќе може целосно да се наполни за само пет минути, што е време споредливо со полнење гориво на бензинска пумпа.
Доколку се комбинираат ваквите брзини на полнење со домет од 3.000 километри, кој е постигнат на тестови во Кина, тоа би го елиминирало најголемиот проблем кај електричните автомобили – таканаречениот „страв од домет“.

Кина ја зацврстува лидерската позиција
Покрај тоа што оваа технологија би можела да постави нови стандарди во автомобилската индустрија, таа дополнително ја зацврстува позицијата на Кина како неприкосновен лидер во развојот на електрични возила. Доколку овие батерии наскоро влезат во сериско производство, времето на полнење од пет минути и дометот од 3.000 километри ќе бидат нова норма во индустријата.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја