По пропаѓањето на договорот на Volkswagen за отворање на фабрика во Турција, Бугарија, Романија и Србија како и претходни кандидати за оваа фабрика повторно влегоа во трката. Сега во истата се вклучува и Хрватска.
Хрватскиот весник „Вечерњни Лист“ објавува дека на состанокот на министерот за економија на Хрватска, Дарко Хорват со министерот за еконоомија и енергетика на Германија, Петер Алтмајер се разговарало и за оваа можна инвестиција.
Мате Римац за оваа можна инвестиција изјави дека Владата на Република Хрватска треба да ги искористи предностите на земјата за привлекување на германскиот гигант.
Официјална потврда од властите во Хрватска за евентуални преговори засега нема, но нема ни демант за овие пишувања.