Ако сте решиле да купите plug-in хибридно возило што испушта помалкуод 50 г/км. CO2 можете да добиете до 5.300 евра субвенција, а има помош и за електрични квадрови, мотоцикли и мопеди. Таму субвенцијата е до 2.600 евра, но најмногу до 40 отсто од вредноста на возилото.
Сакајќи да го поттикне купувањето и користењето на електрични превозни средства во Хрватска на крајот од овој месец ќе почне јавен повик за аплицирање за субвенционирање на ваквите возила, за правни и физички лица, како и за полначи за електрични возила. Според пишувањето на весникот Вечерњи лист, вкупно се определени 3,6 милиони евра за оваа намена.
Од предвидените пари за правните и физички лица за купување електрични возила се предвидени 2,3 милиони евра, додека за финансирање на полначи – 1,3 милиони евра.
Нема да има финансирање за електрични велосипеди, односно тоа е наменето само за правните лица и за единиците на локалната самоуправа. И тоа од 660 евра по велосипед.
Од овој пакет се изоставени обичните хибриди. Ако купите plug-in хибридно возило што испушта помалкуод 50 г/км. CO2 можете да добиете до 5.300 евра субвенција, а има помош и за електрични квадрови, мотоцикли и мопеди. Таму субвенцијата е до 2.600 евра, но најмногу до 40 отсто од вредноста на возилото
Кај нас напротив има нови давачки за возилата. За субвенции засега и не се размислува…