Владата на Хрватска објави зголемување на туристичките такси за посетителите од странство за 25 проценти. Со исклучок на камповите, новите такси ќе се однесуваат на сите други сместувачки капацитети.
Посетителите на популарната туристичка дестинација ќе треба да платат по 10 куни по човек за една вечер, што е зголемување од две куни во однос на таксата која се плаќа во овој момент. Единствено туристичкиот данок ќе остане ист во камповите каде и понатаму ќе биде 8 куни од човек за една вечер.
Новиот закон ќе стапи на сила од 1 јануари во 2019 година и ќе се применува само за време на главниот дел од сезоната. Собраните средства ќе се користат за подобрување на позицијата на Хрватска во големата конкуренција на глобален план во туристичката индустрија