Хрват за 7.000 евра си направил електричен „101“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се жалите дека електричните возила се многу скапи за да може да ги купите сигурно ќе ве импресионира приказната за овој млад Хрват, Томислав Босец кој за околу 7.000 евра успеал да направи електрично возило. И тоа не било кое – туку некогаш популарнат „Застава 101“.

Целата модификација на возилото од бензински во електричен мотор траел една година. Најскапи биле батериите, а со цената на другите делови со различни комбинации била намалена под 7.000 евра.

И не само што направил електрично возило што секогаш го привлекува вниманието на минувачите, туку инвестицијата била исплатена за две години. Максималната брзина е 80 км/ч. а со едно полнење минувал 50 км. За градски услови и сосема доволно.

Е сега ако немате никакво претходно знаење како што тоа го имал Томислав веројатно нема да можете да го направите сами возилото, но во спротивно. Ем ќе бидете модерни, ем општествено одговорни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK