Германија е единствената земја во Европа каде на одредени делови од автопатиштата нема ограничување, па доколку имате силен автомобил, не се плашите од брзина можете да го тестирате колку навистина може да се движи.
Но, во другите земји сигурно ќе добиете казна. Еден Хрват заборавил дека не е во Германија, па бил фатен како вози со брзина од 316 км/ч. во Швајцарија.
Брзината со која го возел автомобилот Audi RS5 со 530 КС бил тјуниран, а пред полицијата и судот Хрватот се бранел со оправдување дека сакал да провери колку навистина може автомобилот да развие брзина. Тоа не му поминало..
За сообраќајниот прекршок му бил одземен автомобилот и плус добил забрана за управување од четири години.
Прекршокот бил направен во близина на местото Билтен во кантонот Гларус.