Храброст: Со украден автомобил од 100.000 евра отишол на сервис за да му ја променат бравата

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците се дрски луѓе кои освен што имаат храброст тоа да го сторат често со своето однесување докажуваат дека воопшто не се плашат, па понекогаш и се прехрабри за постапките што ги превземаат. Една таква вест доаѓа од Велика Британија. Крадец украл McLaren 570S и го однел на сервис за да ја промени бравата.

Станува збор за настан кој се случил во Биргминген. Еден 31 годишен маж го укркал автомобилот вреден над 100.000 фунти па другиот ден го однел на сервис каде побарал да му се промени бравата на автомобилот истакнувајќи дека станува збор за автомобил во негова сопственост.

Тоа секако предизвикало сомнеж кај мајсторот па решил да го пријави во полиција, па во координирана акција со полицијата тој најпрво ја променил бравата, а потоа полицијата го следела крадецот.

Истиот е уапсен во оној момент кога го паркирал автомобилот во неговата гаржа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK