Храбра одлука: Баварија сака забрана за дизелски и бензински мотори од 2035 година

ОБЈАВЕНО НА:

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Содер, смета дека забраната за нови регистрации на дизелски и бензински мотори од 2035 година би била добра идеја. Неговиот партиски шеф Дирк Меснер изрази слично мислење како Маркус Содер и исто така повика на забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Забраната за продажба на дизелски и бензински автомобили би била крајно смела одлука за покраината каде што работат Audi и BMW.

Германците сакаат да го следат патот на Калифорнија која донесе одлука за забрана за продажба на нов бензин и дизел во 2035 година.

За време на периодот на транзиција, и со оглед на кризата во короната, премиерот на Баварија го обнови повикот за бонуси за купување автомобили со најсовремени мотори со внатрешно согорување. Систем за стимулирање, бонус за рециклирање или ваучер за замена би можеле да се користат уште неколку години при купување на уште помодерен автомобил.

Заменикот на парламентарната група на Зелените, Оливер Кришер, на потегот на баварскиот премиер рече:

– Го поздравуваме потегот на Маркус Содер. Се надеваме дека ова не е само една од неговите политички точки, бидејќи е апсурдно да се повика на крај на моторите со внатрешно согорување и истовремено да се бараат премии за да се купат нови.

И Гринпис изрази сличен став.

Сега останува да се види дали е тоа само политичка изјава или навистина ќе се донесе ваква одлука. До 2035 година има уште доста време.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK