Храбар потег: Добиј ваучер од 500 долари, ако купите возило од конкуренцијата

ОБЈАВЕНО НА:

Австралискиот бренд Holden во своите 69. години постоње успеа да произведе околу 7,6 милиони возила односно до минатата година кога General Motors ја затвори фабриката во градот Елизабет. Иако повеќе не се произведуваат автомобилите на Holden во Австралија и понатаму се продаваат на овој континент, но има само три СУВ модели со што каскаат зад конкуренцијата како што се Ford, Mazda и Toyota.

Во мај годинава Holden продаде 5.129 возила, додека Toyota продаде 19.571 возило. Поради ова, тимот за маркетинг на Holden дојде на идеја да им понуди на купувачите ваучер од 500 австралиски долари (135 евра) доколку после тестирањето на возило на Holden купат автомобил од конкурентски бренд.

Колку и да делува чудно „Test Drive Challenge”, како што се нарекува програмата, ги поттикнува физичките лица да ги тестираат возилата од Holden пред да купат друго возило. Оваа програма трае до 31 август и важи само доколку странката која тестирала автомобил од Holden купи возило од друг произведувач од истата класа како што возела при тестирањето.

„Ова е храбар потег, но ние радиме со голема самодоверба. Занеме дека ова е најдобрата линија на автомобили кои ги понудивме во поглед на техонологијата, безбедноста, поддршката на клиентите, вреднсота и прочуениот возачки дух на Holden“, вели Кристијан Аквилина, кој е директор за маркетинг во Holden.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK