Такахиро Хачиго, еден од шефовите во Honda ги објави плановите на јапонскиот производител за следните неколку години.
Како што изјави, во моментов компанијата работи на нова глобална платформа наречена Honda Architecture која ќе биде премиерно претставена следната година. Токму на оваа нова платформа ќе се темелат идните модели.
Хачиго збореше и за електрификацијата со која до 2025 година треба да бидат опфатени сите модели во понудата. Истовремено, во наредните неколку години ќе биде спроведена целосна реорганизација во производството и во понудата во неколку регионални пазари, а целта е намалување на трошоците и оптимизација на одредени бизнис процеси.