Honda продолжува со прекинот на производството

ОБЈАВЕНО НА:

Honda во САД на почетокот на март го прекина производството на две недели поради недостатокот на чипови. Сега, потврди дека продолжува со прекинот на производството.

Во официјалното соопштение јапонскиот производител соопшти дека поради импактот од Ковид-19, но и поради влијанието на невремето, нарушени се одредени делови од ланецот на снабдување на Honda во САД.

Поради тоа, но и поради зголемената глобална побарувачка на чипови, Honda мора да го прекине производството. Тоа значи дека од фабриките во Онтарио, Охајо, Алабама и Индијана во наредните две недели нема да излегуваат нови автомобили.

Минатата недела, поради истата причина, Nissan објави дека го намалува производството во САД, а прекин на производството објавија и Toyota и General Motors.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK