Honda повлекува 761.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кој спомна дека јапонските автомобили се без грешка? Honda ќе мора во наредниот период да повлече, ни повеќе, ни помалку, туку 761 илјада автомобили.

Причината за ова големо отповикување лежи во проблемите со пумпата за гориво, пренесуваат медиумите повикувајќи се на извори од јапонскиот производител. При тоа се напоменува дека јапонскиот производител се одлучил за повлекување од превентивен карактер и дека досега поради оваа аномалија не се случила сообраќајна незгода со тешки последици.

Honda во наредниот период ќе започне да ги повлекува повеќе модели од брендовите Acura и Honda произведени во периодот од 2018 до 2020 година. Станува збор за моделите Accord, Civic, CR-V, Fit, Pilot, Ridgeline, MDX, RDX и TLX.

Треба да се забележи дека ова е најголемото повлекување на Honda во историјата на јапонскиот производител. Сите трошоци од повлекувањето ќе ги сноси Honda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK