Hоndа повлече 1,4 милиони автомобили поради дефект на пумпата за гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 1,4 милиони автомобили од брендот Honda низ целиот свт се повикани за отстранување на на возможен дефект на пумпата за гориво. Меѓу моделите кои се заегнати се: Ассоrd (2018-2019), Сiviс Hаtсhbасk, Сiviс Typе R, HR-V, Fit и Insight (2019-2020). Истиот дел е поставен и кај: Асurа RDX, RLX, RLX Spоrt Hybrid и NSX.

Проблемите со пумпата може да почнат да предизвикаат прекини или целосно да ја запрат работата поради неисправни роторои. Резултатот е ненадеен пад во моќноста или исклучување на моторот.

Cпoрeд Hоndа проблемот се должи на пропусти во производствениот процес, како резултат на кој пумпите биле изложени премногу долго на ефект на растворувач, кое веројатно предизвикало површински пукнатини.

Од компанијата од Јапонија соопштија дека не им е познато дали овој дефект досега има предизвикано сообраќајни несреќи со жртви или со повредени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK