Honda почна со тестирање на моторите за 2017

ОБЈАВЕНО НА:

Следната сезона Honda очекува да биде поконкурентна во Формула 1, па завршена е процесот на дизајн на моторите, па сега почнува фазата на испитување на динамометар. Засега немаа среќа да постигнат позабележителни резултати, но постојано има подобрувања.

Дека Honda веќе работи на тестирање потврди и Јусуке Хасегава, шефот на Ф1 одделот на Honda. Откако тој дојде на ова место направен е значителен напредок во однос на доверливоста, издржливоста и перформансите на моторот.

Во просек моторите на Honda кои се вградени во болидот на Mclaren сега во квалификациите доцнат околу 1,5 секунда во однос на најдобрите. Новиот мотор би требало да донесе многу подобри перформанси и да му овозможи на McLaren да се бори за искачување на пиедесталот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK