Honda го претстави обновениот UR-V познат и под името Avancier. Станува збор за SUV модел кој јапонскиот производител го продава на кинескиот пазар.
Во однос на досегашниот модел, подновениот доаѓа со неколку естетски измени како што е модификуваната предна маска, редизајнираните браници, модифицираните задни светла, нови алуминиумски фелни како и нови бои во понудата. Внатрешноста е идентична, но со унапреден мултимедијален систем.
Димензиите остануваат исти: должина од 4.825 мм, висина од 1.669 мм и ширина од 1.942 мм со меѓуоскино растојание од 2.820 мм. Во понудата остануваат и досегашните два мотори: 1,5 литарскиот со 193 КС и 240 Nm обртни моменти како и 2,0 литарскиот со 272 КС и 370 Nm обртни моменти.
Во својата SUV изведба, моделот UR-V за прв пат се појави во 2016 година откако една година претходно беше претставен на саемот во Шангај како Concept D.