Honda останува без една фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот прозиводител објави дека ќе ја затвори својата фабрика во Филипини следниот месец. Станува збор за целосно затворање на фабриката откако 28 години во неа се произведуваа неколку модели на Honda.

Станува збор за фабрика која се наоѓа јужно од Манила, главниот град на Филипини, а која е во сопственост на Honda Cars Philippines Inc, компанија во целосна сопственост на Honda Motor Co Ltd.

“Со цел пресретнување на потребите на потрошувачите во Филипини и поради оправдани ценовни причини, Honda размислуваше за ефикасна распоредба на ресурсите” изјавија од компанијата во однос на затворањето на фабриката.

Honda и натаму останува на пазарот во оваа азијска земја, а производството од оваа фабрика ќе се пресели во останатите фабрики во Азија и Океанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK