Моделот лансиран во 2015 година, S660, јапонскиот производител Honda започна да го нуди и во ретро изведба како S660 Neo Classic Kit. Со тоа овој двосед добива ретро изглед, со значителнно изменет преден и заден дел во однос на стандардната верзија.
Драстично изменети предни и задни браници, предни светла кои добиваат округла форма, нови задни светла како и модифицирани прагови и ретровизори. Ова е она што е ново кај оваа ретро изведба во поглед на екстериерот кој всушност е инспириран од Honda Neo Classic концептот претставен на почетокот на 2016 година на саемот во Токио.
Под хаубата се наоѓа трицилиндрен турбо агрегат од 660 кубика со 66 КС. Во комбинација е и шесттепен мануелен менувач.
Ретро пакеот за S660 во продажба ќе биде достапен од 21 септември и тоа во Јапонија. Цената на истиот изнесува 10.050 евра, а доколку овој ретро пакет сакате да биде аплициран на целосно нов S660 ќе треба да доплатите 15.355 евра колку што чини и основниот модел на S660.