Сега е во мода наместо класичните копчиња на инструмент таблата да има дигитален тач-скрин екран преку кој се регулираат сите команди, и вентилација, греење на седишта, аудио систем, навигација итн… Но, постојат и доста истражувања кои тврдат дека токму големите екрани преку кои се вршат сите функции освен „фраерскиот изглед“ не се многу практични. И некои производители не планираат така лесно да се откажат од мануелните команди и традиционалните копчиња.
Со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, новата Honda Jazz ќе ги врати физичките команди на климатизацијата. Како и во секој тест се нагласува дека претераната дигитализација доведува до контраефект кога е во прашање безбедноста на возењето. Прозиведувачите изгледа постепено го усвојуваат овој став на струката.
Новата Honda Jazz без комплекс го корегира модниот дигитален тренд, враќајќи ги во игра физичките команди на климатизацијата на лесно достапна позиција.
„Причината е едноставна, сакавме да го минимизираме вниманието на возачот во овој конкретен случај при промена на посакуваната температура во внатрешноста во возилото. Ние различно го форматиравме екранот на допир и оставивме употреба на климатизацијата со класични прекинувачи бидејќи добивме повратна информација дека е тешко интуитивно да се контролираат споменетите функции. Требаше да се погледне екраност за да се смени температурата или да се вклучи греење на седиштето. Затоа ја сменивме таа мозиција за да може возачот да вози без да има потреба да бара“, вели Танеки Танака кој е за должен за развој на возилот Honda Jazz.
Ова на некој начин го потврдува непишаното правило. Зошто да се направи нешто така комплицирано кога може да биде многу едноставно!