Honda ја напаѓа Кина со електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за автомобили во Шангај кој започна на 16 април и ќе трае се до 25 април, јапонскиот производител Honda претстави електричен SUV.

Станува збор за концептот X-NV кој се очекува да се појави во сериско производство кон крајот на оваа година. За жал истиот овој модел ќе се произведува од страна на Dongfeng Honda што значи ќе биде достапен само на кинескиот пазар.

Овој SUV се темели на Hond HR-V со изменет преден и заден дел. Погонот е електричен и при тоа располага со батерии од 53.6 kWh. Без да се објавуват многу повеќе детали, познато е и дека електро погонот ќе биде идентичен како и кај моделот VE-1, што значи дека максимално ќе продуцира 161 КС.

Honda X-NV Concept

Со комерцијализацијата на овој концепт, Honda ќе започне со имплементацијата на стратегијата за електрични возила каде главен пазар е кинескиот кој се очекува во наредниот период да прерасне во најголем пазар за електрични возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK