Honda и General Motors со алијанса во Северна Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите Honda и General Motors објавија дека потпишуваат необврзувачки договор за разбирање со кој се означува почеток на нов сојуз меѓу двете компании и тоа на територија на Северна Америка.

Новото партнерство меѓу двете автомобилски компании предвидува заеднички активности, позајмување на модели и платформи, вклучително и електрични и електрифицирани автомобили, кои ќе се продаваат со амблемот и на содветните брендови, како и соработка во развојот, системите за поврзување и други.

Новиот чекор во соработкаа на Honda и General Motors доаѓа после постигнатиот договор во април меѓу двете земји за заеднички рзвој на два целосно нови електрични автомобили, кои ќе бидат развиени на модулната платформа на американскиот гигант и ќе ги користат новите Ultium батерии од GM.

„Оваа алијанса ќе им помогне на двете комапнии да ги заберзаат инвестициите во иновациски проекти за утрешната мобилност, со ослободување на дополнителни ресурси“, вели Марк Руес, претседател на General Motors.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK