Honda HR-V: Дизајн и функционалност!

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот од Јапонија се подготвува да ја претстави новата генерација на компактниот кросовер Honda HR-V. Моделот oд моделската 2022 година ќе добие неколку модификации, кои ќе бидат дизајнирани за различни пазари. И покрај нејзините напори, компанијата не успеа да го зачува новитетот во тајност. Во пресрет на дебито, кое е закажано за 18 февруари, на интернет веќе се појавија патентирани фотографии од моделот.

Благодарение на нив станува јасно дека автомобилот е направен во истиот стил како и концепцискиот СУВ, а претставен на саемот во Пекинг 2020. Особено новиот кросовер на Honda доби слични тенки фарови со превртени агли, геометриски браник и текстурирана качулка.

Стоп светлата се обединети од тенка LED лента со логото на брендот во центарот. Огледалата за гледање во рикверц се монтирани на одделни краци. Ако на предните врати се гледаат траиционални рачки, одпозади тие сè уште се маскирани во колоните.

Објавените фотографии, сепак, ги открија не само сличностите со концепт автомобилот, туку и фактот дека новиот HR-V ќе добие неколку модификации. За нив се ветуваат различни можности за надворешниот изглед.

Во едниот случај автомобилот ќе добие радијаторна решетка со хорионтални ламели и браник со мрежеста влошка во долниот влез за водухот, додека во другиот решетка со шема од точки и браник со хоризонтална хромирана влошка, која се протега ни целата ширина на автомобилот. И двете верзии на компактниот кросовер на Honda се одликуваат со црна пластична обвивка околу периметарот на каросеријата.

Патент фотографиите не го откриваат внатрешниот дел на новата Honda HR-V, но тој беше делумно прикажан порано со фотографии. Познато е дека опремата ќе вклучува мултимедиски систем со зголемен екран кој е инсталиран во центарот на предниот панел и се издига малку над него.

Исто така за новиот кросовер на Honda се ветени и дигитална табла и низа на други новости. HR-V веќе ќе биде опремен и со нов хибриден e: HEV агрегат, заснован на 2.0-литарски, i-VTEC мотор, кој ќе биде дополнет од двојка на електрични мотори. Се најавува моќност од 184 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK