Honda Motor de Argentina S.A. фирмата ќерка на Honda објави дека ќе го прекине производството на автомобили во фабриката во близина на Буенос Аирес.
Honda во оваа фабрика произведува автомобили од 2011 година и тоа моделите City и HR-V, но трендовите во Јужна Америка и новите стратешки планови придонесоа од следната година автомобилската дивизија на оваа фабрика во целост да се затвори.
Последниот автомобил се очекува да излезе од погоните на 31 мај 2020 година, а по овој датум во фабриката ќе се произведуваат само мотоциклите Wave, CG150, и XR150L.
Претходно, Honda ги претстави своите намери за затворање на своите фабрики во Велика Британија и Турција.