Honda го поднови својот најмал автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Honda е синоним за големи, пространи и моќни автомобили. Најавениот прв, целосно електричен автомобил на Honda полека ја менува перцепцијата за Европјаните за овој бренд.

Но доколку на некој од Јапонија го споменете брендот Honda тогаш прво што ќе им падне на ум се малите и фенси автомобили познати како кеи возила.

Токму Honda ја објави новата, втора генерација од кеи автомобилот N-One која доаѓа осум години по премиерата на првата генерација. Станува збор за автомобил чија должина изнесува 3.395 мм, ширина 1.475 мм и висина од 1.535 мм. Тежината изнесува 830 кг додека пак меѓуоскиното растојание 2.520 мм.

Honda N-One

Во споредба со актуелната, прва генерација, втората доаѓа со нова предна маска, LED предни и задни светла и освежена внатрешност.

Под хаубата ќе располага со турбо бензински мотор од 660 кубика, во комбинација со мануелен менувач.

Honda N-One

Во продажба доаѓа кон крајот на годината, а на купувачите ќе им биде достапен во три верзии: Original, Premium и Rs.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK