Honda CR-V со одлични перформанси на краш тестот на EuroNCAP (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Honda CR-V влезе во редот на неколкуте нови возила кои на овогодинешните тестови на Euro NCAP краш тестовите се здоби со максималните пет ѕвездички.

Овој модел опремен со 2.0 литарски хибриден мотор и стандардно ниво на опременост во однос на безбедноста на возрасните патници односно возачот освои високи 93%. Одличен перформанс од 83% освои и во поглед на безбедноста и сигурноста на децата – патници на задната клупа.

Во однос на безбедноста на пешаците овој модел освои 70% додека во поглед на безбедносната асистенција на возачот освои 76%.

Сепак и покрај овие повеќе од одлични резултати ова не е најбезбедниот автомобил на јапонскиот производител. За нијанса подобри резултати има освоено Honda Jazz и Honda Civi од 2012 година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK