Honda Collection Hall виртуелна тура – уживајте во историјата на Honda

ОБЈАВЕНО НА:

Honda Collection Hall (CHC) е лоцирана во Јапонија во Tim Ring Montegi каде што се наоѓа најголемата колекција на сите производи кои компанијата ги има произведено. Благодарение на 360° виртуелната тура можете да погледнете повеќе од 300 изложени модели…

Тргнетe во обилколка преку линкот www.honda.com. Можете да погледнете во историјата на јапонскиот производител низ ексклузивната колекција на автомобилот, мотоцикли, како и „тркачки машини“.

Отворена е во 1998 година, не само за да одбележи 50 години постоење на брендот туку и да би ги покажала соништата и страста кои е инспирација, како и сериските производи и трчаките машини.

3 спрата на историјата на Honda

Виртуелната тура навистина доловува вистинска музејска прошетка, дозволувајќи ни да се почувствуваме како навистина да сме отпатувале во просториите на Honda и одново да сме ја проживеале историјата од 70 години на оваа компанија. На второто ниво се прикажани автомобилите, мотоциклите и други погонски производи, а тука се наоѓаат и вистинските ѕвезди – компактниот спортски модел од 1963 година, S500 како и некои од легендарните модели како што се Prelude, NSX и Civic. Изложбата исто така нуди поглед и на еволуцијата на јапонското производство на автомобили, со посебен акцент на микро возилата кои се многу популарни во Јапонија.

Прикажани се некои од најраните модели, како што се Honda N360, првиот мал сериски автомобил кој почна со продажба во 1969 година. Можете да ги пронајдете и вистински икони на две тркала како што се CB750, најмногу произведуван како сериски четирилинидраш, како и NR.

Третиот спрат е посветен на страста на Honda кон мотоспортот. Тука се наоѓаат едноседи, GT и мотоцикли со кои Honda се натпреварувала некогаш и сега. И овде се наоѓаат икони како што се McLaren-Honda која ја возеше Аиртон Сена, како и шестцилиндричниот RC166 кој извојува победа на Isle of Man TT и кој го возеше Мајк Халвуд.

Factory of Dreams

Отворањето на HCH претставува труд на компанијата Honda да го прикаже своето потекло и својата историја, како и со помош на современата технологија и мобилност да ги подобри моменталните услови за живот на луѓето.

Овие корени датираат од 40-тите години на минатиот век кога Soichiro првпт го искористи мотор генераторот користен во радио трансмитерите на велосипед на својата сопруга за да ги олесни секојдневните одења во продавница. Во 1946 година развил идеја и почнал да продава агрегати сорезервоари, додатоци, кабли и други делови за велосипеди. Овој агрегат стана познат како агрегат на Honda за велосипед, а две години подоцна тој ја основаше HONDA Motor Company.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK