На техничкиот универзитет во Ајндховен во Холандија е направен нов автомобил, кој го доби името Noah. Се работи за прототип на возило кое е целосно направено од рециклирачки материјал.
Шасијата и каросеријата се изграцени целосно од биопласт маса при која делот на полипропилен е заменет од нов материја, составен од шеќерна трска и лен.
Целта на овој проект е автомобилското производство да се направи максимално еколошко, а автомобилите да бидат пригодни за рециклирање.
Благодарение на малата тежина од едвај 350 килограми, Noah е многу економичен. Со 15-киловатен електромотор, автомобилот достиа максимална брзина од 100 км/ч, а со едно полнење можат да се минат 200 километри. Практично ова е одлично возило како градско превозно средство.
За да може овој електромобил да биде користен во платформи е поставен интерфејс за врска со смартфон и благодарение на тоа вратите можат да се заклучуваат на одредена дистанца.
Универзитетот во Ајндховен планира да го хомологира автомобилот уште во текот на оваа година, а Noah ќе биде претставена на роудшоу уште од крајот на оваа година.