High-tech кражба: Украдоа Mercedes за една минута (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Западен Мидленд во околината на Бирмингем камерата за видео надзор снимила “high-tech” кражба на автомобил кого крадците успеаја да го украдат за само една минута притоа отклучувајчи го автомобилот без клуч. Властите веруваат дека ова е првата снимка на кражба на автомобил со помош на релејни кутии, уреди кои можат да се програмираат да праќаат сигнали низ ѕидовите.

Кражбата која е завршена за една минута се случила на 25 септември во 21 часот, а украдениот автомобил не е пронајден. Ваквите кражби станале толку чести што полицијата почнала да ги советува возачите кои користат технологија без клуч да ги држат своите клучеви далеку од влезната врата, па дури и во сеф бидејќи така може да се блокира сигналот. Алтернатива е традициoната механичка блокада на воланот.

Релејните системи за отклучување можат да се купат и на интернет, на сајтови како што е eBay и тоа за околу 100 фунти. Криминалците ги користат за кражба на автомобили, а најчесто на мета се BMW, Ford, Audi, Land Rover, Hyundai, Volkswagen и Mercedes.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK