Хибридот Renault Clio E-Tech 140 – уште поекономичен за возење

ОБЈАВЕНО НА:

Без многу зборови и објаснувања – 1.6-литарски бензинов мотор со моќност од 91 коњска сила, два електромотори со вкупно 69 КС, плус мултумодален менувач и литиум-јонска батерија со капацитет од 12 кВтч. Сето ова може да се најде на основното ниво кај Clio E-Tech 140 со хибриден погон.

Автомобилиот може да се порачува веднаш со основна цена од 22.440 евра во Германија. „Доставувањето ќе почне во јули годинава“, велат од Renault Германија.

Производителот определува стандардна потрошувачка на новиот хибриден модел од 3,6 до 4 литри на 100 километри што соодветствува со емисиите на CO2 од 82 до 91 грам на километар. На тој начин Renault на новодојдениот модел му обезбедува „висока ефективност, одлична реакција и брзо закрепнување на на полнењето со репуперативно намалување на брзината“.

Овноната потрошувачка е со околу 40 проценти под вредноста на оние со споредлив чисто бензинов мотор, Во градскиот сообраќај во тест циклусот на WLTP, Clio E-Tech 140 може да покрие до 80 проценти од сите патувања со електрична енергија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK