Хибридното Volvo XC40 е најпродаваниот електромобил во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци за пазарот на електрифицирани автомобили (100 % електрични и хибриди за полнење) во Европа покажуваат, дека локалниот пазар има нов лидер. Тоа е plug-in хибридната верзија на Volvo XC40, од кое во јануари биле реализирани 3.543 примероци.

На 2. место, со минимална разлика на листата на најпродаваниот електричен автомобил во Европа за 2020 година е Renault ZOE, со резултат од 3.520 единици. На 3. позиција е Kia Niro EV со 3.123 примероци.

Во Топ 10 на најбараните електромобили во Европа во првиот месец во 2021 година влегуваат исто така и BMW 330e (3.058), Volkswagen ID.3 (2.978), Peugeot e-208 (2.807), Peugeot 3008 PHEV (2.680), Audi e-tron (2.621), Mercedes GLC 300e (2.551) и Hyundai KONA EV (2.507).

Од ev-sales соопштуваат дека пазарот на електрифицирани автоомбили во Европа се зголемил за 50% од јануари, со побарувачката на целосно електричните модели се има зголемено за 18% додека за полнењето (PHEV) за 85%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK