Откако пред некоја недела Maserati објави дека подготвува хибридна верзија од моделот Ghibli, сега и официјално е потврдено дека премиерата ќе биде одржана на 15 јули.
Оваа верзија требаше да биде претставена во април во рамките на саемот за автомобили во Пекинг, но поради пандемијата од коронавирусот, премиерата беше одложена.
Хибридната верзија од моделот чија прва генерација под кодното име М157 беше претставена во 2013 година, ќе дојде со 2,0 литарски бензински мотор кој во комбинација со електричниот мотор ќе продуцира максимални 330 КС.
Ghibli е првиот модел на италијанскиот поизводител кој ќе добие хибридна верзија. Во наредниот период, Maserati ќе ја збогати својата понуда и со хибридните верзии на Levante и Quattroporte.