Хибридна верзија и за Ford Focus (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Остануваат уште неколку дена до објавувњето за воведување на хибридна верзија во модификациското портфолио на Fiesta.

Од Ford објавија проширување на семејството на Focus со хибридна (48 волти) варијанта.

Новиот Ford Focus EcoBoost Hybrid, кој се присоединува кон електрифицираното семејство на брендот со Puma, Kuga, Fiesta, Transit и Transit Custom, е достапен за нарачка низ цела Европа.

Tој доаѓа во конфигурација со еднолитарскиот EcoBoost Hybrid погонски систем со максимална моќмност од 155 коњски сили (достапна е и верзија со 125 коњски сили) и CO2 емисии на ниво од 93 грама на километар.

Покрај подобрените перформанси, Ford Focus веќе може да се пофали и со нов 12,3 инчен LCD инструментален панел, додадени функционалности и поврзаност, кој ја нуди системот FordPass Connect, нова варијанта Focus Connected, кој доаѓа со систем за безжично полнење на мобилен телефон, SYNC 3 борд систем со 8 инчен екран и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK