Хибриден дизел за BMW X5 и X6

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW веќе ги електрифицираше СУВ верзиите на Х5 и Х6. Трилитарските дизел мотори се опремени со мек хибриден систем, кој не само што треба да обезбеди подобра динамика, туку и пониска потрошувачка и повеќе удобност при управувањето. Првите електрифицирани модели на сите теренски модели ќе бидат доставени во мај.

Благодарение на битурбо полнењето со променлива геометрија на турбината, новите верзии X5 xDrive40d и X6 xDrive40d можат да понудат моќнот од 250 кВт/340 коњски сили. Максималниот вртежен момент од 700Нм веќе е достапен меѓу 1750 и 2250/мин. Дизелот е поддржан од хибридниот систем со 48-волтна технологија, која може да додаде уште 8 кВт / 11 коњски сили.

Новиот хибриден агрегат според BMW додава „карактерен и самоуверен погон “. Моќноста се „приземјува“ во сите тркала во осумстепениот автоматски менувач Steptronic. И двете верзии забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 5,5 секунди. Стандардната консумација во зависност од моделот и гумите е од 5,2 до 6,4 литри на 100 километри.

Како резултат на одржливиот ефект на 48-волтниот старт-генератор, BMW ветува брзи и удобни реакции на автомобилот при смена на оптоварувањето. Шестцилиндричниот мотор се исклучува и рестартира одново и тоа се прави многу внимателно.

Баварците сè уште не ги коментираат цените, но за ориентација дизелот со највисока класа X5 M50d се нуди за 94.600 евра, X5 xDrive30d со 265 коњски сили за 70 800 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK