Hyundai се електрифицира: Дами и господа ова е Ioniq 5 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai и официјално го претстави долгоочекуваниот електричен модел Ioniq 5 со што и официјално започна експанзијата на електрични возила кои ќе го носат брендот Ioniq.

Ioniq 5 темели на концептот Hyundai Concept 45EV кој во септември 2019 година беше претставен на саемот за автомобили во Франкфурт. Овој модел е знаменосец на Hyundai во светот на електричните возила, па оттука и целата фама која ја приреди околу овој автомобил.

Ioniq 5 е првиот целосно електричен автомобил кој се базира на E-GMP (Electric Global Modular Platform) модуларната платформа на која покрај кај овој модел, ќе се користи и кај Ioniq 6 и Ioniq 7, но и кај неколку електрични модели на Kia кои ќе бидат претставени во текот на оваа и следната година. Оттука и димензиите: долг 4.635 мм, висок 1.605 мм, широк 1.890 мм и меѓуоскино растојание од 3.000 мм.

Оттука и големата пространост во внатрешноста која нуди одлична комфорност, особено на патниците на задната клупа. Капацитет на багажниот простор изнесува 531 литар, а максималниот простор изнесува 1.600 литри.

Во однос на дизајнот, тој потсетува на концепт автомобилите од 80-те години за тоа како ја отсликуваат иднината на автомобилите. Тоа значи дека е со минималистички дизајн кој е во согласност со актуелните трендови. Одредени детали му даваат голема привлечност па несомнено дека ги исполнува сите естетски предуслови да биде бестселер.

Во однос на мотористиката, овој компактен кросовер доаѓа со вкупно четири верзии. Разликите се во погонот и вкупната моќност. Така, батеријата од 58 kWh е достапна кај верзиите и со заден погон и со погон на сите четири тркала. Верзијата со погон на предните тркала продуцира 168 КС, додека онаа со погон на сите четири тркала со вкупно 232 КС. Верзијата со батерија од 72,6 kWh и заден погон продуцира максимални 215 КС, додека верзијата со погон на сите четири тркала располага со 302 КС.

Минималистичкиот дизајн од надворешноста се сели во внатрешноста каде доминира 12 инчниот екран кој служи и како инструментална табла. Тука е и head-up екранот, но и бројните гаџети. Треба да се напомене дека најголемиот дел од ентериерот е направен од рециклирани материјали со што се потенцира еко-френдли димензијата на овој автомобил.

Производството на овој модел ќе се извршува во Улсан, Јужна Кореја, а ќе започне уште во април. Првите испораки пак, од овој модел кој ќе биде дел и од европската понуда, се очекуваат уште ова лето, најпрво во Европа, а во септември/октомври ќе биде достапен и во САД. Цената останува засега непозната и се очекува да биде објавена во текот на следниот месец.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK