Harley-Davidson претстави електричен велосипед

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител на мотоцикли Harley-Davidson ја објави својата најнова креакција – електричен велосипед.

Овој велосипед во целост е развиен од Harley-Davidson, а го носи називот Serial 1 Cycle, инспириран од првиот мотоцикл на оваа компанија од 1903 година.

Harley-Davidson засега нема објавено многу технички информации. Така не е познат дометот на батеријата која е интегрирана во работ и моќноста на електромторот кој е сместен во средниот дел.

Serial 1 Cycle

Она што е познато е дека продажбата стартува во март следната година, а при тоа ќе биде произведен во ограничена серија. Цената исто така не е позната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK