Harley-Davidson прави мотор на батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најпознатите компании во светот која произведува мотоцикли, Harley-Davidson ја објави својата следна цел, а таа е производство на електричен мотоцикл. Оваа информација доаѓа заедно со новоста за дополнително кратење на работните места и затворањето на погонот на компанијата во Милвоки. Покрај тоа веста за електронскиот мотоцикл доаѓа четири години после објавувањето на проектот „LiveWire“ од Harley-Davidson.

Новиот мотоцикл кој се уште нема име се очекува да може да помине околу 50 милји со едно полнење и да развие од 0 до 60 милји за 4 чекунди. За споредба Zero’s SR до 60 милји на час развива за за 3,3 секунди, додека стандардниот мотоцикл Ducati Monster 1200 може до 60 милји за нешто помалку од три секунди.

Електричните мотоцикли на пазарот се во мал број, но таа бројка постепено расте. Од компанијата велат дека че бидат потрошени меѓу 25 и 50 милиони долари во следните неколку години за технологиите за електронските мотоцикли, а целта е Harley-Davidson да биде светски лидер.

Интересното е тоа што оваа компанија својот имиџ го изгради со производство на бучни мотори, но не со такви од еколошки тип. Дури 32.000 купувачи на мотори од Harley-Davidson минатата година во САД купиле мотор токму поради силниот звук, кој ќе недостига кај електричниот модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK