Британецот Луис Хамилтон влезе во историјата на Формула 1 откако го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 91 Гран При победа.
Возачот на Mercedes триумфираше на патеката Нирбургринг за ГН на Ајфел со што стана најдобриот возач во моментов на патеката.
На победничкиот подиум се најдоа и Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. Освојувачот на пол позицијата, Валтери Ботас се откажа уште во првиот дел од трката поради проблеми со болидот.
Хамилтон го израмни големиот рекорд на Михаел Шумахер, но сезонава е на пат да забележи уште еден резултат сличен на Германецот. Хамилтон има шест светски титули, а Шумахер има една повеќе. Во моментов Хамилтон е лидер во првенството на Ф1 со шанси да ја освои титулата.
За да го постигне овој рекорд Хамилтон возеше на 261 трка. Во кариерата Хамилтон има 21 триумф за McLaren и 70 за Mercedes.
Шумахер првата победа ја оствари во 1991 година на Спа, а последната во Кина во 2006 година на неговата 246 гран при трка. На крајот од таа сезона Германецот реши да се пензионира. Во кариерата имаше 19 победи за Benetton и 72 за Ferrari.
Хамилтон го поседува рекордот по бројот на пол позиции и подиуми. Ова е негова 14. сезона и останува единствен возач кој има триумфирано во секоја сезона во која се натпреварувал. Остануваат уште шест трки од календарот сезонава каде Британецот ќе ја „брка“ седмата титула.
За 91 победа Хамилтон доби кацига што му припаѓаше на Михаел Шумахер, и тоа од неговиот син Мик.
Lewis Hamilton is honoured with a Michael Schumacher helmet, by his son Mick, after equalling his #F1 wins record today at the #EifelGP pic.twitter.com/lPfIoOsCGu
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 11, 2020
Резултати од трката за ГН на Ајфел на Нирбургринг
Pos | Driver | Team | Gap | Stops |
---|---|---|---|---|
1 | Lewis Hamilton | Mercedes | 60 laps – 1:35:49.641s | 2 |
2 | Max Verstappen | Red Bull | + 4.470s | 2 |
3 | Daniel Ricciardo | Renault | + 14.613s | 2 |
4 | Sergio Pérez | Racing Point | + 16.070s | 2 |
5 | Carlos Sainz | McLaren | + 21.905s | 2 |
6 | Pierre Gasly | AlphaTauri | + 22.766s | 2 |
7 | Charles Leclerc | Ferrari | + 30.814s | 2 |
8 | Nico Hulkenberg | Racing Point | + 32.596s | 2 |
9 | Romain Grosjean | Haas | + 39.081s | 1 |
10 | Antonio Giovinazzi | Alfa Romeo | + 40.035s | 2 |
11 | Sebastian Vettel | Ferrari | + 40.810s | 2 |
12 | Kimi Räikkönen | Alfa Romeo | + 41.476s | 2 |
13 | Kevin Magnussen | Haas | + 49.585s | 2 |
14 | Nicholas Latifi | Williams | + 54.449s | 2 |
15 | Daniil Kvyat | AlphaTauri | + 55.588s | 2 |
16 | Lando Norris | McLaren | DNF | 1 |
17 | Alexander Albon | Red Bull | DNF | 2 |
18 | Esteban Ocon | Renault | DNF | 1 |
19 | Valtteri Bottas | Mercedes | DNF | 2 |
20 | George Russell | Williams | DNF | 1 |