Хамилтон доби кацигата од Шумахер за израмнувањето на рекордот

ОБЈАВЕНО НА:

Победувајќи на трката на Нирбургринг, Луис Хамилтон по 91 пат се искачи на победничкиот пиедестал во Формула 1. Така го израмни рекордот на Михаел Шумахер стар 14 години.

Мик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион во Германецот Михаел Шумахер, во неделата му ја подари на Британецот Луис Хамилтон кацигата на својот тато во чест на израмнувањето на рекордот во победите.

„Не знам што да кажам. Кога растеш и ја гледаш Фомрула 1, го гледаш нивото на пилотите кои настапуваат. Никогаш не очекував дека некогаш ќе успеам да дојдам до овие бројки. Ми треба време да го сфатам ова“, изјави Хамилтон во интервјуто за новинарите по трката.

Хамилтон го израмни големиот рекорд на Михаел Шумахер, но сезонава е на пат да забележи уште еден резултат сличен на Германецот. Хамилтон има шест светски титули, а Шумахер има една повеќе. Во моментов Хамилтон е лидер во првенството на Ф1 со шанси да ја освои титулата.

За да го постигне овој рекорд Хамилтон возеше на 261 трка. Во кариерата Хамилтон има 21 триумф за McLaren и 70 за Mercedes.
Шумахер првата победа ја оствари во 1991 година на Спа, а последната во Кина во 2006 година на неговата 246 гран при трка. На крајот од таа сезона Германецот реши да се пензионира. Во кариерата имаше 19 победи за Benetton и 72 за Ferrari.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK