Во новата сезона Луис Хамилтон покрај нов болид ќе има и нови бои на кацигата. Дизајнот на кацигата ќе биде избран лично од него, а отворен е конкурс за сите фанови кои имаат идеја како треба да изгледа кацигата.
Трикратниот светски првак откако ќе го избере дизајнот и боите, со истата кацига ќе се натпреварува во новата 2017 во болидот на Mercedes. А победникот на натпреварот како награда ќе добие копија на истата кацига, и тоа лично од Луис Хамилтон.
Во минатото имало многу случаи возачите да настапуваат со специјални дизајниран бои на кацигите на поединечни трки. Ова е првпат некој возач да настапува со еден тип на изглед на кацигата што ќе ја направат фановите.
Конкурсот завршува на 6 февруари
Доколку сакате да учествувате во изборот тука можете да ги најдете деталите!